Search

Новата сезона во мак-баскетот почнува со вечното дерби Работнички -МЗТ Скопје

Кошаркарската Федерација на Македонија  го објави распоред за натпревари од новата сезона во Првата лига. Првенството стартува на 3 октомври, а во 1.коло, ќе се игра најголемото дерби во мак-баскетот меѓу вечните ривали Работнички и шампионот МЗТ Скопје. Домаќин на овој меч ќе биде тимот од Градскиот Парк.

На  другите пет средби, од првата рубнда се среќаваат: Академија ФМП – Гостивар, Кожув –  Пелистер, новиот прволигаш ТФТ – Куманово, Вардар – Црн Дрим  и вториот тим на МЗТ ќе се сретне со Еуро Никел.

Треба да знаете
Последни објави