Search

(Видео) Куман ја почна својата мисија во Барселона со победа

Роналд Куман, новиот тренер на Барселона со победа во подготвителниот период за новата сезона ја стартуваше својата мисија. Барса предводена од капитенот Лионел Меси и повратникот во тимот Филипе Кутињо со 3-1 го совладаа Гимнастик Тарагона.

Осман Дембеле во 5. минута го отвори резултатот, Антоан гризман од пенал го зголеми на 2-0.

Гимнастик во 30. минута намали на 2-1, но во вториот дел на сцена стапи Филипе Кутињо кој го постигна својот прв погодок по враќањето „Камп Ноу“ откако беше испраќан на позајммица.

Куман на овој натпревар шанса им даде на сите фудбалери кои ги има на располагање за да види со каков потенцијал располага за новата сезона.

Треба да знаете
Последни објави