Азаренка ќе игра во финалето на УС Опен

Викторија Азаренка и го прекина сонот на Серена Вилијамс за освојување на рекордна 24. гренд- слем титула. Во полуфиналето на гренд-слемот УС Опен, тенисерката од Белорусија ја победи шесткратната освојувачка на турнирот со 1-6, 6-3, 6-3 по 1 час и 56 минути игра.

Во меѓусебниот скор Вилијамс води со 18-5 во  победи против Азаренка.

Поранешната најдобра тенисерка во светот ќе игра финале на еден гренд-слем турнир за прв пат од 2013 година.

За титулата Азаренка ќе соочи со четврто пласираната Наоми Осака, која во другата полуфинална пресметка ја совлада Американката Џенифер Брејди со 7-6 (7-1), 3-6, 6-3.

Треба да знаете
Последни објави