Линиската судика УС Опен не само што стана славна, туку сака и од парите на Ѓоковиќ

Линиската судијка на тенискиот УС Опен, Лаура Кларк, која стана славна благодарение на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, откако несакајјќи ја погоди со топчето во грлото, сега најавува и правна заштита за да добие и од парите на српскиот тенисер.

Новак како прв фаворит по овој инцидент беше дисквалификуван и го напушти Њујорк. Тој и се извини на Лаура, а потоа ги замоли своите пријатели и навивачи да не ја навредуваат, но тоа изгледа не и беше доволно на судиката.

Медиумите излегоа со информација дека Американката е подготвена да го тужи Ѓоковиќ и да бара голема одштета за стресот и претрпениот страв.
Треба да знаете
Последни објави