Прекинато водоснабдување во делови од Центар

Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот па до санирањето на дефектот ќе останат корисниците од улицата „Орце Николов”, на потегот од улицата „Аминта Трети” до булеварот „Климент Охридски” во Општина Центар.

 

Како што соопштија од ЈП „Водовод и Канализација”, причината за прекинот е дефектот на затварач од ф – 80 мм на улицата „Орце Николов” број 88. 

 

Од ЈП „Водовод и Канализација” информираа дека прекин на водоснабдувањето ќе имаат и корисниците од улицата „Струма 3″ поради уличен дефект ф-100мм.

 

Треба да знаете
Последни објави