Формула 1 повторно ќе го има Шумахер во болидите

Синот на легендарниот седумкратен шампион во Формула 1, Германецот  Михаел Шумахер, Мик, викендов може да се најде во болидот на Ферари за 1000. трка на италијанскиот тим, пренесува германски „РТЛ“.

Големата награда на Тоскана се вози на патеката Муџело овој викенд, а Мик Шумахер би можел да биде во болидот на Ферари за време на првиот слободен тренинг кој ќе се одржи утре.

Имајќи предвид дека Ферари е далеку од конкуренцијата оваа сезона, веќе размислуваат да му дадат шанса на синот на седумкратниот шампион во Формула 1. Сепак, сè уште не е сигурно дали Мик ќе седне во болидот на Ферари, а како други опции се споменуваат екипите на Алфа Ромео и Хас, кои користат мотори на италијанскиот производител.

В сабота и в недела, Мик ќе се натпреварува во Ф2. Инаку, минатиот викенд тој победи на една од двете трки во Ф2 и моментно се бори за титулата во ова натпреварување.

Во Тоскана би можело да се случи историски момент во Формила 1 со враќањето на Шумахер во болидот во Формула 1.

Треба да знаете
Последни објави