Путин и Вучиќ разговараа за Косово

Рускиот претседател Владимир Путин и српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговараа за решавање на косовскиот проблем, објави Кремљ.

Во соопштението се додава дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го информирал рускиот претседател Владимир Путин во денешниот телефонски разговор за разговорите во Вашингтон и Брисел, одржани на 4 и 7 септември.

„Посебно внимание се посветува на проблемот со Косово. Вучиќ го информираше (Путин) за преговорите во Вашингтон и Брисел на 4 и 7 септември. Путин ја потврди непроменетата позиција на Русија за избалансирано и компромисно решение, прифатливо за Белград, а кое треба да биде утврдено од Советот за безбедност на ООН“, се вели во соопштението.

Телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели бил инициран од српска страна, а се додава и дека посебно внимание било посветено на решавањето на косовското прашање, пренесува Тасс.

„Путин ја потврди непроменливоста на принципиелниот став на Русија во врска со изнаоѓањето компромисно и избалансирано решение прифатливо за Белград, кое мора да биде одобрено од Советот за безбедност на ООН“, се вели во соопштението.

Беше потенцирана подготвеноста за понатамошна блиска соработка со него за целиот спектар на прашања од билатералната, регионалната и меѓународната агенда.

Треба да знаете
Последни објави