Search

Фаучи ефикасна вакцина за коронавирусот очекува на почетокот на следната година

Советникот на Белата куќа за борба со коронавирусот, доктор Ентони Фаучи останува на својата проценка дека безбедна и ефикасна вакцина против овој вирус ќе може да има на почетокот на 2021 година, а веројатноста тоа да се случи порано, е мала.

За вакцината ќе се знае повеќе на крајот од оваа година и вакцинацијата ќе почне веќе на почетокот на следната – смета Фаучи, пренесе телевизијата CBS.

Во однос на запирањето на студијата за потенцијална вакцина за коронавирусот на фирмата AstraZeneka откако еден од учесниците во Велика Британија се разболе, Фаучи наведува дека тоа е рутинска работи при студиите за вакцини во поодминати фази. Привременото запирање е еден од безбедносните вентили што постојат во клиничките проби како што е таа – додава Фаучи.

Тој повторно ги советуваше граѓаните да користат маски, да држат физичка дистанца и да избегнуваат метеж. Инаку, САД се први во светот по број на случаи на коронавирус со 6,3 милиони заразени и скоро 190 илјади починати

Треба да знаете
Последни објави