Search

Лајчак: Крајно време е дијалогот меѓу Белград и Приштина успешно да заврши

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека е крајно време успешно да се заврши процесот на дијалог меѓу Србија и Косово.

„Денеска точнонавршуваат 10 години откако Генералното собрание на Обединетите нации ја поздрави подготвеноста на Европската унија да посредува во процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина. Крајно време е успешно да се стави крај”, напиша Лајчак на Твитер.

Во понеделникот во Брисел се одржа уште една рунда разговори меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, како дел од дијалогот под покровителство на ЕУ.

По преговорите, Лајчак рече дека е постигнат „целосен напредок” по претходно отворените теми, за економската соработка и исчезнати и раселени лица.

Треба да знаете
Последни објави