Search

Голем шумски пожар во близина на Атина

Шумски пожар избувнал попладнево во Анависос, одморалиште на 50 километри од Атина, и веќе предизвикал голема материјална штета, соопшти противпожарната служба.

Пет места околу Анависос беа евакуирани бидејќи пожарот ги опколи, изјави официјален службеник.

Тој додаде дека пожарот зафатил грмушки, опфатил фасади на куќи и уништил огради.

Вкупно 117 пожарникари со 35 возила, осум хеликоптери и пет „канадери“ се борат со пожарот, кој е засилен од силниот ветер.

Во Анависос, кој се наоѓа југоисточно од Атина, многу атињани имаат викендици.

Во лето пожарите се чести во Грција, поттикнати од силниот ветер и високите температури.

Пред две години на 23 јули 2018 година во пожар во одморалиштето „Мати“ загинаа 102 лица, а беа запалени и многу куќи на местото на триесетина километри североисточно од Атина.

Треба да знаете
Последни објави