Адетокунбо сакаше да се врати во игра и покрај повредата

Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокунбо, сакаше да се врати во игра на четвртиот натпревар од разигрувањето во НБА-лигата против Мајами откако се здоби со истегнување на десниот скочен зглоб. Медицинскиот персонал на тимот тоа не го дозволи, информира „ЕСПН”.

Лидерот на Бакс го напушти теренот на почетокот на втората четвртина, влошувајќи ја повредата што ја заработи на третиот натпревар.

Тренерот на Милвоки, Мајк Буденхолцер по мечот призна дека е против враќањето на Адетокунбо во ваква состојба. Актуелниот МВП ја напушти арената облечен во заштитна чизма на десната нога.

Бакс го победи Мајами по продолженија и намали на 1-3 во победи. Учеството на лидерот на Бакс на петтиот натпревар е неизвесно. 

Треба да знаете
Последни објави