Search

Неделен возен ред ќе има ЈСП за државниот празник 8 Септември

ЈСП информира дека утре, вторник (8.09.2020 год), поради државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Дежурни ќе бидат три билетарници: Транспортен центар 7-19.30 часот, Зелено пазарче 7-19.30 часот и Ѓорче Петров 7-13 часот.

Инаку од ЈСП уште пред неколку дена информира дека од 1 септември повторно важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз.

Од пред три месеца во функција се и бесплатните годишни студентски билети, а и натаму не важи одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела соопштија од претпријатието.

Треба да знаете
Последни објави