Search

Жителите на Центар за рециклирање на пластични шишиња ќе добиваат месечно најмногу по 1.000 денари

Од октомври жителите на Општина Центар ќе рециклираат пластични шишиња и лименки и за тоа ќе добиваат пари. ЈП „Паркинзи Општина Центар“ деновиве ја постави првата од деветте машини за рециклирање пред бараките на Општина Центар. Граѓаните ќе добиваат од 0,5 до 1,5 денари за рециклирано шише на платежната картичка „Грин пеј кард“, објави СДК.МК.

„Оваа мерка за рециклирање ќе важи само за жителите на Центар, односно пари ќе се враќаат само на картичката ‚Грин пеј кард‘. Месечно максималната цена која ќе може да ја добие еден граѓанин е 1.000 денари. Овие пари ќе можат да се употребат за пазарење во маркети, продавници, за плаќање во кафулиња и кафеани, како и за услугите на претпријатието“, вели Васко Кичевски директор на ЈП “Паркинзи Општина Центар“.

Треба да знаете
Последни објави