Search

Во иделаниот тим на завршницата од СЕХА-лигата се најде само еден играч на Вардар

Регионалната машка ракометна СЕХА-лига ја комплетираше деветтата сезона во време на пандемија со коронавирусот на завршниот турнир во Задар, каде со шампионската круна се закити унгарски Веспрем. За унгарскиот тим ова е трет шампионски трофеј во ова натпреаврување, совладувајќи го во финалето најтрофејниот со пет шампионски титули, актуелен бранител на трофејот Вардар (35:27).

На крајот од сезоната луѓето задолжени за организацијата на СЕХА-натпреаврувањето го избраа и најдобриот тим на завршницата во Задар, каде доминираат играчите од нвиот шампион Веспрем. Од редовите на финалистот, и сеуште најтрофеен клуб со пет трофеии Вардар, овојпат имаше место само за еден претставник меѓу најдобрите – Ловро Јотиќ.

Голманот на унгарскиот Веспрем, Родриго Коралес кој беше прогласен и за МВП на завршниот турнир е првиот чувар на мрежата, а покрај него првата седморка ја сочинуваат: Давид Мандиќ (Загреб), Гаспер Маргуч (Веспрем), Александар Шкурински (Мешков Брест), Ловро Јотиќ (Вардар), Хорхе Македа (Веспрем) и Андреас Нилсон (Веспрем).

За најдобар дефанзивец на турнирот е прогласен Блаж Благотиншек (Веспрем).

Треба да знаете
Последни објави