Search

Бејл е се поблиску до излезната врата на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид и велшкиот фудбалски интеранционалец Герет Бејл кој пред седум години беше доведен на „Сантјаго Бернабеу“ за тогаш рекордни 200 милиони евра летово можно е да ја прекинат соработката. Бејл добива се помала минутажа, но не сака по секоја цена да си оди од Мадрид додека не му заврши договорот.

Шпанските и англсиките медиуми најавија дека разделбата е на повидок. Бејл е се поблиску до излезната врата на „Сантјаго Бернабеу“.  „Марка“ објави, а „Мирор“ делумно потврди дека англиските премиерлигаши Тотенхем и Манчестер јунајтед се заинтересирани за услугите на 31-годишниот фудбалер. Проблем кој треба да се испегла во разговрите за да се реализира трансферот е висока плата на Бејл која изнесува 17 милиони евра по сезона. Велшкиот репрезентативец не сака да се откаже од овие примања.

Треба да знаете
Последни објави