Search

Алушовски: Не го изненадивме Веспрем со играта 7 на 6 во нападот

Вардар му ја предаде шампионската титула во регионалната ракометна СЕХА лига на угграскиот Веспрем откако во финалето на завршниот турнир во Задар загуби со 27:35. Унгарците во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и повеќемина поранешни играчи на Вардар, предводени од клупата и од поранешниот тренер во стручниот штаб на „црвено-црните“ Давид Дејвис во ниту еден момент не дозволија да им биде загрозена победата. Веспрем сега води 2:1 во победи  во финалните дуели од СЕХА-лигата пртив најтрофејниот тим Вардар кој има пет шампионски титуми во ова натпреварување.

-Се обидовме да ги изненадиме со игра 7 на 6, но тоа не ни успеа. Се обидовме да се вратиме 6 на 6, но во овој момент Веспрем е многу поквалитетен тим, има подолга клупа и поквалитетен играчки состав и затоа им честитам на заслужено освоениот пехар во СЕХА-лигата – призна Стевче Алушовски, тренерот на Вардар.

Треба да знаете
Последни објави