Search

Маричиќ за „Млечен“: Сомнежите во пресудите се мотив за прочистување на судстовото

Министерот за правда, Бојан Маричиќ за „360 степени“ изјави дека, иако извршната не се меша во судската власт, критиките од граѓаните ги гледа како причина за прочистување на судството по вчерашната скандалозна условна казна за обвинет за сообраќајка во која загина 32-годишен маж, а бремена жена заврши со тешки повреди и го загуби плодот

-Без да ја коментирам пресудата, за да нема мешање на извршната во судската власт, можам да кажам дека тоа што граѓаните се сомневаат во дел од пресудите е најсилниот мотив за прочистување на судството кое ќе биде спроведено во нашиот мандат, заедно со иницијатива за проверка на случаите каде има непостапување или лошо постапување на надлежните. Само така може да се врати довербата во судството и правниот систем, вели Маричиќ за „360 степени“.

Министерот ја поздравува и најавата од првиот човек на Основниот кривичен суд – Скопје, Иван Џолев дека ќе го коментира случајот во понеделник.

-Добро е што самото судство покажува интерес да ги решава прашањата за кои јавноста ги прозива и тоа што претседателот на Кривичниот суд најавил коментар во однос на целиот настан, а повисоките судови ќе имаат можност да се изнесат во натамошната постапка. Судскиот совет пак ја има задачата да ја следи и оценува работата на секој судија, порачува Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави