Search

Најголемата социјална зграда во Бутел ќе стане дом за 312 семејства

Социјалната зграда во Бутел, кој е најголем објект од овој тип почнат во последните 20 години ќе овозможи дом на 312 семејства од социјално ранливите категории граѓани. Увид во изградбата денеска извршија новоизбраниот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски и Генералниот директор на АДСДП, Кристијан Трајковски, како и градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски.

Со сериозна динамика ќе продолжи искористувањето на капиталните инвестиции бидејќи во време на коронакризата, кога се намалени јавните потрошувачки, државата треба да дада се од себе да ги реализира капиталните инвестиции, изјави Бочварски.

Тој потенцираше дека сите средства што се предвидени за станбена изградба на социјални станови се реализирани, а во интерес на побрза динамика, доколку е потребно, најави дополнување на средствата со првиот ребаланс на буџетот.

Треба да знаете
Последни објави