Search

Курти: Гренел сака брзо решение со Белград и врши притисок врз Косово

Лидерот на „Самоопределување“ и поранешен косовски премиер, Албин Курти, вели дека специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Ричард Гренел, врши голем притисок на Косово и сака брзо решение за Белград и Приштина.

Курти, во изјава за виенскиот весник „Стандард“, ги критикувал досегашните иницијативи на Гренел и го обвинил за еднострано однесување, односно дека сè повеќе барања има за Приштина, и дека немал повеќе барања кон Белград.

Курти навел и дека делегацијата во Приштина која е во САД нема ниту легитимитет, ниту овластување од Парламентот.

„Кога се работи за историски важна тема не е можно без дискусија во парламентот да се отпатува на преговори“, рекол тој.

Курти кажал дека не верува дека на утрешниот состанок меѓу лидерите на Косово и Србија во Белата куќа ќе биде донесен некаков одржлив резултат.

Треба да знаете
Последни објави