Search

Загина камионџија, излетал од пат кај Берово

Камионџија загина откко излетал од пат, вчера кај Берово,иформираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 21.45 часот на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Костов мост“. Тогаш товарно моторно возило „застава 8310“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.М.(54) од с.Двориште, беровско, излетало од патот.

Возачот на камионот починал на самото место на несреќата.

Извршен бил увид од екипа на  Полициската станица Берово.

Треба да знаете
Последни објави