Search

Џамбо Агушев стана татко по третпат

Македонскиот музичар познат ширум светот, Џамбо Агушев  стана татко на уште една ќерка.

Тој ја сподели оваа вест на својот профил на Фејсбук.

„Фала му на Бога, мојата ќерка Мелинам се роди. Добредојте во нашето семејство, моја убава ќерко!“ – напиша Џамбо на неговиот фејсбук профил.

Инаку, Џамбо и неговата сопруга Асена се во брак десет години. Плод на нивната љубов се ќерката Севги и синот Мерт, и новородената ќерка која го доби името Мелинам.

За потсетување, неодамна Џамбо Агушев, се пофали дека неговиот албум „Brasses for the masses“ е прогласен за најдобар албум според престижната “German Record Critics” за 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави