Search

(Фото) „Опел караван“ се заби во „41“ на ЈСП пред Драчево

Автомобил „опел“ се забил во двокатен автобус на ЈСП, попладнево во Кисела Вода, дознава 24 Инфо.

Сообраќајната незгода се случила во близина на една од автобуските станици на булеварот Борис Трајковски пред населбата Драчево. Не е познато дали „опелот“ удрил во паркиран автобус, или, пак, возилото се движело.

Автомобилот најверојатно со голема брзина се забил во автобусот, бидејќи задниот дел на „опелот“ е издигнат од коловозот. Не е познато дали има повредени.

Полицијата прави увид во моментов.

Треба да знаете
Последни објави