Search

Тројца повредени во сообраќајка кај Рашче

На 01.09.2020 во 13.35 часот било пријавено дека на локален пат село Сарај – село Рашче се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(25) од с.Крушопек, скопско и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.О. од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.С. и сопатникот во истото возило О.С.(23) констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобила М.О. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави