Search

Почна реконструкцијата на улицата „Џон Кенеди”

Екипи на Град Скопје денеска почнаа со целосна реконструкција на улицата „Џон Кенеди” во Општина Чаир во должина од околу 1.200 метри.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на прес-конференција информира дека во следните 30-тина дена на оваа улица ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот и ќе се внесе новина – изработка на велосипедски патеки.

Целта, како што рече, за граѓаните од овој дел на градот да обезбедиме алтернативен начин за сообраќај.

Тој информира дека на улицата ќе се изврши и нивелација на шахтите и замена на рабниците онаму каде што се оштетени со цел да се обезбеди поквалитетна и подобра инфраструктура.

-Во северниот дел на Скопје одгласот од граѓаните особено е позитивен, од причина што освен на „Џон Кенеди”, наредната недела почнуваме и со „Македонско косовска бригада”. Веќе е изграден „Христијан Тодоровски – Карпош”, веќе се гради „Босна и Херцеговина”, неколку кружни текови овде се изведени. Стратегија на Градот е да обезбедиме рамномерен развој на инфаструктурата бидејќи овој дел од градот, оваа улица и овие улици што ги набројав биле надвор од плановите за било какво дејствување, рече Шилегов.

Тој додаде дека сите граѓани во Скопје треба да имаат подеднакви услови за живеење, особено кога е во прашање инфраструктура. Апелираше граѓаните да бидат трпеливи и да го почитуваат сообраќајниот режим.

Треба да знаете
Последни објави