Search

Новак Ѓоковиќ со семејството ќе се пресели во Шпанија

Славниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ја пронајде идеалната локација за своето семејство, објавија српски медиуми. Тој со сопругата и децата наводно ќе го напушти Монте Карло, каде што живееја со години.

Во моменти кога бележи спортски рекорди во САД, најдобриот тенисер е концентриран на планот со сопругата Јелена да го сменат живеалиштето после низа години поминати во Монако.

Со синот Стефан и ќерката Тара тие ќе се преселат во Марбеља, Шпанија, пишува „Мондо“. Истиот извор додава дека двајцата се вљубеиле во овој град на југот на Шпанија на прв поглед.

Наследниците на Ноле наскоро ќе почнат да одат во училиште во Марбеља, а ова познато туристичко место е по мерка на семејството Џоковиќ, и најверојатно ќе стане нивен дом.

Треба да знаете
Последни објави