Search

Лишени од слобода три лица, при претрес во автомобил полицијата пронашла хероин

На 01.09.2020 околу 16.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Х.(42), Н.М.(61), двајцата од Тетово и М.Р.(40) од тетовски Пирок затоа што при нивен и преглед на возилото „форд мондео“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, бил пронајден хероин.

Тројцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави