Контра-протестот нема да ги промени резултатите од изборите во Црна Гора

Претставниците на коалициите што освоија ново мнозинство на парламентарните избори во Црна Гора одржани на 30 август повикаа на намалување на тензиите и смирување на вжештената состојба по објавувањето на првичните резултати. Досегашната владеачка партија Демократската партија на социјалистите (ДПС), која по тридецениско владеење заминува во опозиција ги предупреди своите приврзаници за собирот на 6 септември  дека не е организатор.

„Контра-протестот нема да ги промени резултатите од изборите за кои се изјаснија ЕУ, ОБСЕ, ЕНЕМО. Тоа е обид на очајните да постигнат тесни лични и тесно партиски интереси со предизвикување национални тензии, бидејќи нема храброст и карактер за одговорен потег на државник. Не бидете алатка во тој обид”, порача адвокатот Синиша Газивода од неговиот профил на Фејсбук.

Американската амбасадорка во Црна Гора, Џди Ризинг Рајнке, објави на Твитер дека е „загрижена од извештајот за насилството во Црна Гора“.

„Сите страни мора да дејствуваат мирно и да избегнуваат насилство. Дијалогот и заштитата на малцинствата се клучот за демократијата“, рече таа.

Од ДПС, како и од кабинетот на нејзините лидери, претседателот Мило Ѓукановиќ и премиерот Душко Марковиќ, не одговорија на прашањата на „Вијести“ дали ќе повикаат на смиреност и дали се одговорни за моменталната состојба, со оглед на пораките што ги испратија за време на кампањата.

Во интервју за „Њузмакс Адрија“, Ѓукановиќ предупреди на „излив на нетолеранција, агресија, примитивизам, обиди за пресметка со луѓе кои размислуваат поинаку“.

„Инцидентите не изненадија никого, славењето уште помалку. Секогаш има причини за славење, но таа прослава подразбира и цивилизиран однос кон другите граѓани и потреба за зачувување на стабилноста на Црна Гора“, рече Ѓукановиќ.

Претставници на ДПС предупредија дека државноста на Црна Гора може да биде загрозена доколку граѓаните не ја поддржуваат партијата.

Пред изборите, тензијата беше подигната на највисоко ниво, па полицијата и обвинителството тврдеа дека на денот на изборите повторно се подготвуваат немири и дека има екстремни групи кои можат да излезат на улиците и да прогласат изборна победа, алудирајќи на опозицијата. Тоа не се случи, а ДПС, по скоро два дена молк, ги покани приврзаниците на митингот планиран за 6 септември на Плоштадот на независноста во Подгорица.

На објавите на официјалните страници на партијата на социјалните мрежи, повикот е проследен со пораки „без изговори“, „да покажеме дека сме многу“ и „Црна Гора пред сè“. Истата порака беше споделена и во Viber групата на ДПС.

Пред ДПС официјално да испрати покана за тој собир, на социјалните мрежи се прошири информација за планираниот собир.

Портпаролот на ДПС, Милош Николиќ, вчера објави дека тие не се организатори, наведувајќи дека тоа се „одредени патриотски организации кои во никој случај не се поврзани со партијата“.

Полициската управа не одговори на „Вијести“ дали е пријавен собирот и кој го сторил тоа, а од Националното координативно тело за инфективни болести што сториле по повод спонтаните собири претходните денови и што ќе прават по повод настаните во недела.

Јавните собири се ограничени со мерките на Националното координативно тело на 40 лица во јавност, а кога станува збор за политички собири – на 100 лица на отворено, со обврска да се почитува физичкото растојание од најмалку два метра меѓу лица, да носат заштитни маски и да се дезинфицираат рацете со соодветно средство за дезинфекција. Вчера, Националното координативно тело објави дека ќе овозможи „зголемен број граѓани на јавни настани и културно-уметнички настани во врска со ограничувањето за други собири“.

Треба да знаете
Последни објави