Search

Завршница во СЕХА-листа со стари познаници и нови тренери

Со завршниот Ф4 турнир кој од 4 до 6 септември ќе се одржи во Задар ќе биде спуштена завесата на годинашното натпреварување во регионалната машка ракометна СЕХА лига која беше прекината поради пандемијата со коронавирусот. На завршниот турнир покрај актуелниот првак и редовен учесник во изминативе девет сезони Вардар ќе се најде и хрватскиот ППД Загреб кој има истиот број на настапи како и македонскиот тим. Тоа се единствените две екипи во ова натпреварување кои досега играле на сите завршни турнири. Дуелот на редовните учесници Вардар и ППД Загреб е едната полуфинална двојка, а другата со кои в петок ќе почне завршницата е унгарски Веспрем и белорускиот Мешков Брест.

Вардар со пет трофеи во СЕХА-лигата  (2012, 2014, 2017, 2018, 2019) и најуспешниот тим во ова натпреаврување кое ќе го комплетира своето деветто издание.

Со овие четири екипи одржани се три завршни турнири од СЕХА натпреварувањето. Она што е ново кога станува збор за тимовите кои ќе играат на Ф4 турнирот во Задар се тренерите кои за првпата ќе предводат тимови на оваа завршница. Од  клупите четирите полуфиналисти за првпат ќе ги предводат Стевче Алушовски (Вардар), Игор Вори (ППД Загреб), Давид Дејвис (Веспрем) и Раул Алонсо (Мешков Брест).

Треба да знаете
Последни објави