Битиќи: Ги делиме истите вредности со Николовски- бескомпромисна борба против корупцијата ќе биде наша заедничка цел

Денес се сретнавме со мојот драг колега, вицепремиерот Љупчо Николовски, докажан во својата решителност за ред, принципиелност во работењето, рамноправност и еднакви шанси за сите, повеќе од било кој што го познавам. Ги делиме истите вредности и знам дека нашата соработка ќе биде успешна и плодна.

Бескомпромисна борба против корупцијата во полза на развој на стопанството, општеството, поквалитетен живот на граѓаните и забрзан чекор напред со вредности кои ќе ни донесат европски стандард на живеење, тука, дома. Тоа заедно со фокусот на одржливиот развој преку економски мерки и активности ќе биде нашата заедничка цел, посветеност и обврска.

Треба да знаете
Последни објави