Search

Бредли Купер со месеци не излегува од дома за да ја заштити својата мајка

Бредли Купер е цело време дома бидејќи сака да ја заштити својата возрасна мајка среде пандемија на коронавирус.

45-годишниот актер, кој има тригодишна ќерка со поранешната партнерка Ирина Шајк, откри дека постојано е во својата куќа во последните неколку месеци, бидејќи ја штити мајка му Глорија од коронавирусот.

Тој сподели: „Јас сум со ќерка ми, мајка ми и моите две кучиња и не сме ја напуштиле куќата. Мајка ми има 80 години и носи колостомска кеса прикачена на стомакот, па не можам да дозволам никој да влезе во куќата ниту, пак, можам да излезам, бидејќи ако се зарази со Ковид-19, готово е.“

Треба да знаете
Последни објави