Search

Штипските пожарникари гаснеле пожари, но и интервенирале и по сообраќајни несреќи

Штипските пожарникари вчера интервенирале на сообраќајната несреќа на патот меѓу карбинските села Карорман и Таринци, каде што се преврте возило „рено меган”, во кое млади лица се здобија со тешки телесни повреди.

Командирот на Територијалната Противпожарна единица, Тони Атанасов вели дека во интервенцијата биле вклучени петмина пожарникари.

Во текот на изминатите седум дена интервенирале и на сообраќајна несрека кај село Лакавица, каде што имало повредени лица. Додека во два наврати гаснеле пожари, едниот на запален контејнер, а вториот на запалено возило.

-Во текот на неделата интервениравме на  пожар на  автомобил во населбата „Автокоманда”, кај ТУШ, а во интервенцијата учествуваа чевторица пожарникари и материјална штета има, вели Атанасов.

Тој истакна изминатата недела немаат интервенции на отворено, односно на запалени стрништа во штипско-карбинскиот регион.

Треба да знаете
Последни објави