Search

Ренова против Хајдук на домашен терен, Шкендија гостува кај Ботошани

Тетовските прволигаши Ренова и Шкендија добија балкански ривали за второто коло во квалификациите за Лига Европа, па на „гипсарите“ денеска во Нион ѝ падна сплитскиот великан Хајдук Сплит, додека црвено-црните ќе се соочат со романски Ботошани, каде играат двајца екс-македонски репрезентативци.

Ренова го доби хрватскиот великан Хајдук, кој е далеку од своите најдобри времиња, но секако фаворит во пресметката со незгодните „гипсари“, кои направија изненадување во првото коло со елиминацијата на ерменски Алашкерт.

Шкендија од друга страна повторно оди на гости, па по триумфот во воведното коло во Азербејџан кај Сумгаит, сега гостува кај Ботошани, чии членови се Стефан Ашковски и Давид Бабунски.

Мечевите се играат на 17 септември

Треба да знаете
Последни објави