Search

Повредено чеиригодишно дете во сообраќајка пред Штип

На 30.08.2020 во 20.45 часот било пријавено дека на автопатот Штип – Скопје, после клучка „Преод“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „хонда сивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(46) од Скопје и патничко моторно возило „хонда џез“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(34) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „хонда џез“, М.Ј.(32) и четиригодишно дете, а со телесни повреди се здобил возачот Г.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле и возачот И.И. и сопатниците В.И. и З.А. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави