Search

Левандовски: Телото ми е во подобра состојба отколку кога имав 26 години

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски не ја чувствува тежината на годините. Неодамна тој влезе во својата 33-та година и изгледа во топ форма.

– Не се чувствувам како 32-годишник. Искрено, моето тело е во подобра форма отколку кога имав 26 години. Но, не станува збор само за мојата фигура. Технички, јас сум и подобар фудбалер затоа што работев на тоа во последните години. Сакав да го постигнам својот оптимален потенцијал и мислам дека го сторив тоа. Моментално играм на највисоко ниво и ќе се обидам да не ја изгубам формата, рече полскиот интернационалец за Кикер.

Лева е сигурен дека кариерата ќе ја продолжи и по 2023 година, кога ќе истече договорот со освојувачот на Лигата на шампионите.

– Овој договор нема да биде мој последен. Сакам да играм уште и сигурен сум дека можам да постигнам повеќе. Моите колеги во Минхен размислуваат на ист начин, вели тој.

Треба да знаете
Последни објави