Search

Гомез: Следната сезона ќе ни треба амбициозен тим

На Ливерпул ќе му треба амбициозен и подготвен тим доколку сака да одговори на тешкиот физички и ментален напор следната сезона, изјави дефанзивецот Џо Гомез во интервју за веб-страницата на клубот. За две недели „црвените” ќе започнат со одбрана на титулата против дебитантот во елитата Лидс Јунајтед.

– Паузата беше многу кратка, потоа имавме рестартирање на сезоната и сега ќе одмориме уште две недели. Сепак, мислам дека тоа нема да влијае врз нас, затоа што тренерот веќе нè убеди дека борбата е претежно ментална, а не физичка. Ќе бидеме подготвени. Имаме тим кој е целосно способен да игра во ротација во моментите кога е потребно. Најважно е што во главите сме подготвени .Гледам со свои очи дека сите се гладни за успех, рече тој.

Исто како и минатата сезона, Ливерпул играше во нивниот прв натпревар за Суперкупот (Комојунити шилд) и истиот заврши со пенали. Овој пат, сепак, „црвените” загубија од Арсенал.

– Создадовме неколку позиции и Мо (Салах) и Таки (Минамино) беа многу активни на целиот терен. Ова се позитивни работи на натпреварот, но има и многу други на кои треба да се обрне внимание. Сега ќе мора да се разделиме поради репрезентативните обврски, но некои момци ќе останат на Мелвуд и ќе работат за време на паузата. Тие исто така ќе ни помогнат да ги прилагодиме овие мали детали за да бидат подготвени во вистинско време, додаде дефанзивецот на Ливерпул.

Треба да знаете
Последни објави