Search

Македонски концепт ја поддржува владината политика на рамен данок на личен доход

„Денес Македонија е пред избор на старо новата Влада на мандатарот Зоран Заев. Влада 2020 – 2022. Од предложеното експозе и програмата за работа има што да се критикува, но и да се поддржи. Македонски концепт ја поздравува владината програма со која се залагаат за продолжување на примената на наплата на рамен данок на личен доход која стапи на сила од 1 ноември 2019 година“, се вели во соопштението.

„Само рамен и низок данок е правичен и стимулира економски раст, мобилизира приватна иницијатива и го негува претприемништвото кај граѓаните. Имате поддршка да продолжите со таа политика”, вели Петар Богојески од Македонски концепт.

„Обидот на Заев да и се допадне на т.н. Левица и ветување за повторно враќање кон погрешните политики со воспоставување на прогресивен данок во иднина е целосно погрешно, не заслужува поддршка и ќе биде предмет на силна критика од наша страна“, додава Богојески.

Според него, на Македонија и се потребни стабилни, силни и одлучни реформи кои ќе бидат клучен столб за поддршка на домашната економија, особено малите и средни бизниси. Секое размислување за повторно враќање на прогресивниот данок е експериментирање со иднината на државата.

Треба да знаете
Последни објави