Search

Иџе официјално на второто место на Имола

Игор Стефановски Иџе официјално го освојува второто место на втората трка во Имола во рамки на италијанскиот ТЦР шампионат.

Првично нашиот автомобилист се искачи на третото скалило на победничкиот подиум зад  Салваторе Тавано и  Дамијано Редуци, но стујардите на патеката му изрекоа казна на победникот.Тоа значи дека Тавано официјално е победник, нашиот Стефановски го освојува второто место.

Редуци во финишот на трката имаше дуел со Тавано, па стујардите проценија дека треба да го санкционираат. Казна доби Марко Пелегрини за невнимателно возење и тоа уште во текот на трката.

Ова е фантастична вест за Иџе, кој конечно успеа да ја почне сезоната во ТЦР Италија шампионатот и се приклучи дури на третата трка. Нашиот автомобилист можеше да собере уште повеќе поени викендов, но вчера за време на првата трка имаше дефект на сопирачките и излета од патеката додека беше на третото место.

Треба да знаете
Последни објави