Search

Велосипедист починал од повреди во сообраќајна несреќа во Гостиварско

Едно лице починало од здобиените повреди во сообраќајна несреќа што се случила во гостиварското село Чајле.

Според информациите на СВР Тетово, синоќа околу 21 часот на регионалниот пат Гостивар-Чегране автомобил „ауди” со гостиварски ознаки удрил во О.О. (72) од Чајле кој се возел со велосипед. При ударот, велосипедистот се здобил со повреди, по што бил пренесен во гостиварската општа болница. Заради тежината повредите тој бил препратен на скопските клиники каде околу 22:30 починал.

Возачот на „аудито” Ј.И. (23) е задржан во полициска станица, а екипа на ОВР Гостивар извршила увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави