Search

Незаменливи партнери во бизнисот – Samsung Galaxy Tab S7 | S7+

Најдоброто за вашиот бизнис овој пат доаѓа од компанијата Samsung, нудејќи ви ги досега најпродуктивните Galaxy Tab S7 и S7+ таблети. Тоа не се обични таблети – ова се моќни преносни компјутери, со многубројни алатки за подобрување и олеснување на работата. Унапреденото S pen пенкало, проширената тастатура, одличниот сертифициран дисплеј и моќниот процесор, заедно со врвните функции ги прават Galaxy Tab S7 и S7+ таблетите незаменливи бизнис партнери, каде и да се наоѓате.

Фаќајте белешки со унапреденото и заоблено S pen пенкало додека сте на состанок или додека сте во движење – притоа заштедувајќи време и добивајќи можност мултитаскингот да го подигнете на повисоко ниво, а воедно и да добиете повеќе слободно време. Заедно со апликацијата Samsung Notes лесно можете да ги конвертирате белешките во PDF формат – нешто кое навистина ќе ви ја олесни секојдневната работа. Она што исто така воодушевува е можноста да се снима разговорот за време на состаноците со опцијата Audio Bookmark, а потоа со еден клик на одредена реченица во вашите белешки, ќе може да се стартува аудио записник точно на она место каде што се зборувало за одредена тема. Одлично, зар не?

И Galaxy Tab S7 и S7+ на своите големи екрани овозможуваат паралелно користење на три апликации. Замислете ја следната ситуација – вие сте на видео повик, а истовремено можете да водите записник, да ја следите вашата електронска пошта и сето тоа благодарејќи на унапредениот Multi-Active Window. Samsung ви овозможува буквално сѐ да ви е на дофат со Galaxy Tab S7 и S7+.

За оние кои сакаат да имаат чувство дека работат на компјутер, тука е подобрената Keyboard Book Cover тастатура со подолг touchpad. Не морате да се грижите за оперативните системи – сега благодарејќи на соработката со компанијата Microsoft, овозможена е брза синхронизација на Samsung Notes со апликациите Microsoft OneNote и Outlook.

Секако, Galaxy Tab S7 и S7+ можат и безжично да се поврзат со соодветен телевизор, со кое добивате уште поголема прегледност, но и можност за уживање во некоја омилена содржина, која што ќе ве релаксира по напорниот ден.

Со купувањето на S7 или S7+, овозможено е четири месеци бесплатен пристап на апликацијата YouTube Premium, додека пак Netflix и Spotify исто така ќе бидат преинсталирани. Galaxy Tab S7 доаѓа со LTPS TFT екран од 11 инчи, а Tab S7+ со неверојатниот Super AMOLED екран од 12,4 инчи. Двата модели ви нудат и можност за внесување забава во вашето секојдневие со системот од четири AKG звучници, каде можете да имате незаборавно кино-искуство од удобноста на вашиот дом. Уживањето никогаш не било подобро.

Благодарејќи на намалената емисија на сина светлина, повеќечасовното гледање во екранот на таблетот нема воопшто да им смета на очите, така што по освежувањето од 120Hz, можете да уживате и на социјалните мрежи без никакви ограничувања.

SGS, која е водечка глобална компанија за сертификација, на екранот на Samsung Galaxy Tab S7+ му има доделено сертификат за грижа на очите, а на екранот на Tab S7, сертификат за намалена емисија на сина светлина, поради можностите за не мало, туку драстично намалување на негативните ефекти на очите на корисникот.

Samsung Galaxy Tab S7 | S7+ се досега најдобрите таблети за сето она кое ви е потребно за вашето модерно секојдневие со брз ритам на живеење, а со помош на овие нови уреди, практичната комбинација на бизнис и забава, никогаш не била подостапна и покорисна за модерниот човек.

Треба да знаете
Последни објави