Search

Најмалку 14 загинати во бомбашки напади во Авганистан

Најмалку 14 лица, меѓу кои и три деца, загинаа денеска, при експлозија на бомби поставени на патот, во два одвоени инциденти, во јужниот дел на Авганистан, соопштија властите.

Во експлозиите се повредени три лица.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата Кандахар, Бахир Ахмади рече дека првата експлозија, во која загинале 13 лица, била толку силна што некои жртви се идентификуваат со големи тешкотии.

Според него, вториот напад се случил малку подоцна на истиот пат, а притоа загинал возач на камион, додека три деца се повредени.

Тој додаде дека жртвите тргнале на венчавка.

Досега никој не презеде одговорност за нападите.

Портпаролот на талибанците Забиџулах Муџахид негираше дека групата е одговорна за нападите, велејќи дека тоа подрачје беше место каде претходни се одвиваа борбите и дека бомбите веројатно останале од тоа време.

Треба да знаете
Последни објави