Насер Зибери ќе биде нов народен правобранител?

Насер Зибери наместо прв премиер Албанец на Македонија, ќе стане народен правобранител, дознава ТВ21.

Узбори на телевизијата велат дека нотарот и поранешен пратеник и ми9нистер за труд и социјална политика ќе биде наследник на Иџет Мемети чиј мандат истекува во декември 2020.

Оваа функција се бира од Собранието со 8 годишен мандат, а Мемети на оваа позиција е од 2004.

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, инаку партија која го промовираше Зибери како кандидат за премиер, рече дека „тој ќе продолжи како нотар додека не добие некоја одговорна функција“.

Треба да знаете
Последни објави