Петмина повредени во пожар и експлозија на гас во Москва

Најмалку пет лица се повредени во пожар во петкатна зграда во Москва предизвикан од експлозија на гас во стан.

Како што јави агенцијата ТАСС, спасени се 16 лица.

„Пожарот е изгаснат”, соопшти прес-службата на секторот на руското Министерство за вонредни ситуации во Москва.

Обвинителството потврди дека пожарот бил предизвикан од експлозија на гас што се случила рано утрово, а ги зафатил становите меѓу третиот и петтиот кат.

Треба да знаете
Последни објави