Search

По осумдневно бегство уапсен Нефи Усеини

Советникот во Општина Охрид и бизнисмен, Нефи Усеини и неговиот брат Ибро Усеини се приведени откако пред седум дена полицијата им поднесе кривична пријаава за тепањето на Спирко Топаловски, на кого му се заканувал и со пиштол.

И од СВР Охрид и од затворот во Охрид, за Телма потврдија дека Усеини и брат му сами дошле во затворот и веќе се сместени во притворското одделени по решение на судот. Досега од нив двајцата не е земена изјава за инцидентот.

Според полицијата, во тепањето учествувал и братот на Усеини, а Судот во Струг им одреди притвор од осум дена. Двајцата од тогаш се во бегство, а Усеини бил виден во Битола каде отворил нова градежна фирма.

Во меѓувреме се пишмани Топаловски, кој изјави дека Усеини му е пријател и дека тој не го удрил, ниту, пак, видел пиштол, иако снимки од камерите го регистрирале инцидентот и врз основа на нив била поднесена кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави