Search

ОЈО треба да истражи дали моќници од Струмица под политичка закрила на Заев и неговите луѓе свесно ја пропаѓаат Еуростандард банката под стечај

Интегрален текст од прес конференција на Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ

„Македонската економија ја тресат два големи скандали, првиот пропаѓањето на Еуростандард банка тежок 200 милиони евра, и вториот скандал е очајно лошите макроекономски показатели кои јасно покажуваат раст на државниот долг за една милијарда евра за 6 месеци, и рекорден буџетски дефицит од 520 милиони евра за првите седум месеци!

За 5 месеци останале без работа 36 илјади граѓани. Со пропаѓањето на Еуростандард банката остануваат без работа неколку стотина вработени во банката и македонски пошти.

Неодминлив е впечатокот дека власта активно помага при пропаѓање на Еуростандард банката. Мотивите за тоа мора да се бараат во два показатели, луѓето од власта кои предвреме ги извадиле парите од банката и во тоа кои се најголеми корисници на кредити без покритие поради што и банката пропаѓа.

Отворено е прашањето зошто не е дозволена продажба на банката кога сопственикот изјавува дека имало заинтересиран инвеститор. Се говори дека постоело свесна намера и мотив во тоа да пропадне банката, штедачите да се изневерат и да отиде во стечај. Времето ќе покаже но и обвинителството треба да истражи дали моќници од Струмица под политичка закрила на Заев и неговите луѓе свесно ја доведуваат Еуростандард банка под стечај.

Пропаѓањето на Еуростандард е капка во морето лошо цунами економија.

Пропадна банка и нема одговорност за никого, се покачи цената на струјата и повторно власта вели дека не е одговорна. Сега се случува вистински грабеж и во економијата каде државата е задолжена за една милијарда евра повеќе и повторно власта не понесува одговорност. Имаме влада чија основна задача е корупцијата, немањето на план и аматеризам во економијата.“

 

Треба да знаете
Последни објави