Search

Мигранти преку товарните возови во Солун се обидуваат нелегално да излезат од Грција

Рано утрово, како и во изминатиот период, во Солун, според грчките медиуми, се регистрирани случаи со мигранти кои се обидуваат да се качат на вагоните од товарните возови за да стигнат до северната граница и нелегално да излезат од Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, денеска била спроведена полициска акција на железничката станицата во западниот дел на Солун од каде што поаѓаат возовите, кога мигрантите спречиле да тргне товарниот воз.

Идентични инциденти имало и во текот на вчерашниот ден, а според медиумите во Грција, мигрантите се качуваат на товарните возови дури и да се во движење сѐ со цел да стигнат до Идомени на границата со Северна Македонија, а оттаму, со помош на криумчари бараат начини да стигнат до северна или централна Европа.

Треба да знаете
Последни објави