Search

Израелската армија соопшти за „безбедносен инцидент” долж израелско-либанската граница

Израелската армија соопшти дека регистрирала „безбедносен инцидент” долж чувствителната израелско-либанска граница и упатила наредба до граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

Засега нема потврдени информации за конфликти или за повредени и загинати.

Либанската телевизија Ал Манар, која е поврзана со проиранската организација Хезболах, го пренесе извештајот на својот дописник, кој тврди дека израелската артилерија испукала фосфорни гранати на либанска територија, како што потврдуваат и жителите на либанските погранични села.

Како што пренесуваат странските агенции, тензиите се зголемуваат во пограничното подрачје меѓу двете земји, што започна кога Израел минатиот месец го обвини Хезболах дека се обидел да се инфилтрира во израелската територија, што оваа проиранска, шиитска организација во Либан го негира.

Треба да знаете
Последни објави