Димовски: ВМРО-ДПМНЕ не треба да предложи свој кандидат за потпретседател на Собранието

Илија Димовски, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ преку Фејсбук порача дека неговата партија не треба да предложи свој кандидат за потпретседател на Собранието.

-Доколку сме сериозна партија која има намера да опстои на своите принципиелни критики, ВМРО-ДПМНЕ во знак на прифаќање на критиката на јавноста за непотребно големиот број на потпретседатели, сама треба да се откаже од тоа место кое и следува и дополнително, да ги повика сите партии кои си направиле пазар за овие функции да го сторат истото, пишува Димовски.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10223635299774260&set=a.2261844709314&type=3

Собранието вчера изгласа одлука, спикерот Талат Џафери да има дури пет заменици. Опозицијата смета дека пет потпретседатели е премногу и само создава дополнителни финансиски трошоци, особено во време на епидемијата кога земјава се справува со корона вирусот, бидејќи потпретседателите на платата од 60.000 денари добиваат плус 20.000 денари за заменичкото место.

Треба да знаете
Последни објави