Search

Во Грција највисок број на новозаразени од почетокот на пандемијата

Вкупно 293 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Грција во изминатите 24 часа што претставува нов негативен рекорд, односно највисок број заразени од почетокот на епидемијата.

Висок е бројот и на смртните случаи, во изминатото деноноќие починаа пет лица.

Од новите 293 случаи, 22 се по направените тестови на влезните точки во земјата, а според грчките медиуми, најголемиот број од новозаразените, 103 случаи се во областа Атика, односно поширокиот регион на Атина.

Во Солун има 54 позитивни, додека пак останатите се во 29 различни делови на Грција.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 9.280 случаи, а починаа 248 лица.

Треба да знаете
Последни објави