Search

Воздушна и поморска вежба на Кипар, Грција, Франција и Италија во Источниот Медитеран

Во рамките на иницијативата за квадрилатерална соработка, Кипар, Грција, Франција и Италија се договориле за заедничко присуство во Источниот Медитеран, а прва активност е вежбата „ЕУНОМИЈА”, која од денеска до 28 август ќе се одржи во морскиот дел јужно од Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретната вежба предвидува учество на воздушни и поморски средства од четирите земји.

Од Министерството за одбрана на Грција, во однос на иницијативата соопштуваат дека европските држави решиле да го зајакнат нивното поморско и воздушно присуство во Источниот Медитеран со цел „да се зајакне безбедноста и стабилноста во поширокиот регион”.

-Квадрилатералната иницијатива ќе придонесе за постигнување на засилено колективно поморско и воздушно воено присуство во регионот, што ќе се темели на меѓусебно разбирање, дијалог и соработка. Дипломатскиот пат мора да остане привилегиран начин за решавање на прашањата, како на билатерално, така и на европско ниво, имајќи предвид дека само дијалогот може да доведе до деескалација на тензиите во регионот, соопштуваат од Министерството за одбрана на Грција.

Треба да знаете
Последни објави