Амзоски побара да му се вратат 195 илјади евра од Рекет 2

Бизнисменот Ардијан Амзоски, од фирмата „Дрим билдинг“, на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ истакна дека бара отштета од 195.000 евра. Амзоски барањето го поднел и писмено, а денеска се произнесе и во судница.

Тој е еден од двајцата бизнисмени за кои обвинителството тврди дека биле доведени во заблуда, со тоа што на невладината на Боки 13 им исплатиле речиси милион евра, за наводна изградба на дом за стари лица.

-Сакам да се приклучам кон кривичното гонење во предметот и пријавувам побарување за штета од 195.000 евра, рече Амзоски.

Вториот бизнисмен Силјан Мицески денеска не се појави во судницата.

На денешното рочиште обвинителство продолжи со изведување на материјални докази.

Во овој случај обвинети се Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ, Христина Блажевска, професорката Фросина Ременски и таткото на Боки, Миле Јовановски.

Според обвинението, бизнисмените Амзоски и Силјан Мицевски биле доведени во заблуда и измамени преку проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси, па преку Македонската авторска агенција исплатиле речиси еден милион евра, Мицевски сума од околу 720 000, а Амзоски околу 233 000 евра.

Треба да знаете
Последни објави